По својот истоимен првенец издаден за post global recordings и трака поместена на компилацијата Across the Mountains, по десет месечна пауза проектот го издава вториот албум овој пат на американската издавачка етикета Unknown Тone Records.
Македонскиот амбиенталнен проект Post Global Trio го издаде својот втор албумнаречен Fluids.
Албумот е снимен во домашното студио во Скопје и за разлика од својот претходниккој беше составен од една подолга трака, ‘Fluids’ е составен од шест релативно пократки теми.Иако еднакво апстрактен и импровизиран, сепак материјалот е за нијанса пофокусиран и поконкретен од досегашниот материјал. Звукот е базиран на теренски снимки, суптилна електроника и акустични инструменти, со значително повеќе динамика и флуиден тек. Инкорпорира поширокспектар на инструментивплотени со течните теренски снимки чии звучни пејзажидаваат јасни слики на далечните територии на македонските планиникаде тие се снимени.
Мастерингот на албумот е на Mark Daniel Kuykendall сопственикот на Unknown Тone, додека фотографиите и дизајнот на каверот на изданието се на Jake Fowler.Во изработка е и видео спот за една од траките на албумот.Изданието е достапно во ЦД формат, воедно и дигитално, а може да се преземе (во различни формати) на страната на издавачката етикета Unknown Тone.
Следниот албум на Post Global Trio е планиранo да се појави за австралиската етикета Twice Removed оваа зима. Нов материјал е веќе снимен ова лето во студиото во Лазарополе за чие издавање се веќе во преговори со неколку интернационални издавачи. На 15 ноември во рамките на Pnem Soundart festival во Холандија ќе го забележат и својот следен концертен настап.
Post Global Trio е проект помеѓу Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски, настанат како континуитет на одредена комуникација, соработка и нужност за развивање на одредена сцена.