Акција „Засади дрво за мир“

Општина Гази Баба и Јавната детска установа „Детска радост“ како еко градинка, се вклучуваат во акцијата „Засади дрво за мир“.

drvo

Оваа акција е во организација на Интернационалната програма „Учење за шумите“ на Фондацијата за еколошка едукација и ЕНО програмата, додека во Република Македонија се спроведува преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

По тој повод децата од сите објекти во состав на градинката „Детска радост“ ќе засадат дрвца во своите дворови.

На 22.09.2014 год. на децата во објектот „Сонце“ во 09:30 ч. ќе им се придружи и градоначалникот Тони Трајковски.

You May Also Like