Елена Героска изложува во македонскиот КИЦ во Софија

Вечерва (четврток, 14 Март) во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии од Елена Героска, со наслов “09:00-17:00”.

Елена Героска дипломира уметничка фотографија на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, а досега се има претставено со свои фото-изложби и во Р. Македонија и во Р. Бугарија. Изложбата на фотографии “09:00-17:00″ , добива бројни позитивни критики во списанијата од култура во Р. Бугарија. Изложбата освен во Кутурно-информативниот Центар на Р. Македонија овој месец ќе биде претставена и во Дрезден во рамките на проектот ” Македонски фото клуб”.

Елена Героска пред публиката во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, ќе ја претстави директорот Васко Шутаров, а публиката ќе има можност овој проект од 30 фотографии, да го погледа во периодот од 14 март до средината на следниот месец.

You May Also Like