МКЦ, со особена чест ја најавува изложбата на дела од трите генерации ликовни уметници на семејството Коџоман, I, II, и III, која ќе биде отворена вечер (петок, 18 јануари 2013), 20:00 часот, во целосно обновената галерија при МКЦ – Скопје.
Поставка, која значи 110 години уметнички континуитет, започната од основоположникот на современиот ликовен израз во Македонија, Вангел Коџоман I, преку Милош Коџоман II, еден од најетаблираните и најактуелните македонски ликовни уметници, и Вангел Коџоман III, уметникот, кому несомнено му’ претстои голема морална и историска обврска да ја продолжи оваа несекојдневна успешна ликовна приказна.
Куратор на оваа несекојдневна поставка и можеби единствена во Европа и светот, е истакнатиот историчар на уметност, Емил Алексиев.
По 4 децении, галеријата при МКЦ конечно го доби својот нов лик.
Согласно пропишаните галериски стандарди во најетаблираните галериски и музејски простори о Европа и светот, сите неопходни нешта и опрема веќе се импрегниран дел од новата галерија, со што покрај новоизградениот Музеј на современата уметност во Загреб, галаеријата при МКЦ, ја чинат единствен галериски простор од ваков вид на Балканскиот полуостров.