Изложба на детски ликовни творби на млади таленти од Македонија и Бугарија во просториите на Кинотеката на Македонија, а организација на Детскиот ликовен центар и Културно-информативниот центар на Република Бугарија …
Изложба на детски ликовни творби на млади таленти од Македонија и од Бугарија, насловена “Пролетен ветер”, е отворена во просториите на Кинотеката на Македонија. Организатори на изложбата се Детскиот ликовен центар и Културно-информативниот центар на Република Бугарија.
Изложени се детскиот уметнички творби во ликовните техники на акрилик, акварел, масло на платно, комбинирана техника и графитен молив.
Своите уметнички дела, ги изложуваат и учениците од Професионалната гиманзија по текстил и моден дизајн од општината Тријадица (Бугарија), која е збратимена со локалната самоуправа од Карпош.
Културната соработка меѓу Детскиот ликовен центар и училиштата од Република Бугарија се одржува во континуитет 35 години.