Ден Куртин во Сектор 909

Утре вечер (петок, 14 декември) за првпат во Македонија и Сектор 909 ќе настапи  американскиот диџеј и продуцент Ден Куртин (Dan Curtin).

Музичката историја на Ден Куртин започнува во деведесетите во Кливленд и продолжува денес во Берлин каде што се наоѓа и неговата матична издавачка куќа Mobilee Records. Неговата музичка приказна започнува од 92рата година со огромен број на изданија и албуми за издавачки кучќи како Peacefrog, Strictly Rhythm, Sublime.

Во 2003тата започнува да продуцира и пофанки звук што му отвара врати за изданија на Tuning Spork, Klang Elektronik, Soma, Leena и секако Мobilee. Денес тој има вкупна бројка од над 70 изданија, 9 албуми и огромен број на ремикси што перфектно го отсликува неговиот разнолик музички стил и способноста да соработува со артисти од целиот свет.

По одличната забава минатиот петок со Funk D Void и овојпат очекуваме добра музика и забава до раните утрински часови. Клубот Сектор 909 за новогодишната ноќ најави уште едно гостување на легендарниот Chicago house диџеј Mr.K ‘Alexi Shelby

Како загревање пред Ден Куртин ќе настапи Flooder. Забавата започнува на полноќ.

You May Also Like