Започна снимањето на серија за Тиквешкото востание

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и  градоначалникот на Кавадарци Александар Панов синоќа (4 април, 2013) во Ваташа, Кавадарци, присуствуваа на почетокот од снимањето на телевизискиот серијал „Тиквешко востание“ во продукција на Видео студио Петковски, а во режија на Драган Вељановски.

Канческа-Милевска пред новинарите истакна дека Министерството за култура дава силна поддршка на филмската продукција и изрази благодарност за поканата да присуствува на почетокот од снимањето на овој мошне значаен серијал. Режисерот на сериите, Драган Вељановски, посочи дека во филмот учествуваат 44 актери, меѓу кои се Мето Јовановски, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков и други.


Станува збор за четири серии кои се снимаат по повод одбележувањето на 100-годишнината од Тиквешкото востание и во кои ќе бидат претставени и обработени битни и нови податоци за овој историски момент кој се случил во екот на Втората балканска војна.

You May Also Like