Во фоајето на Центар за култура „Бели мугри” во Кочани е отворена изложбата на графики „Кумановски графичари 2013″.
Се работи за биенален проект кој го претставува актуелното графичко творештво на кумановските академски графичари. Оваа година учествуваат Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јакимовска.
– Изложбата ја реализираме во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово со кој имаме повеќегодишна соработка. Делата од кумановските графичари досега беа изложени во Куманово и во Кратово, а во Кочани ќе останат до 15 март, изјави Коце Стојменов, директор на НУ Центар за култура – Кочани.