Во организација на продуцентската куќа “Трето Уво” на 10 и 11 август (петок и сабота) во Античкиот Театар во Охрид, со почеток во 21:30 часот, ќе се одржи единаесеттото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square.
Првата фестивалска вечер ќе ја отвори групата „2Late“ од Варшава, Полска, а по нив ќе настапи атрактивната грчка група “Balkan Colla” од Солун, Грција, која станува се попопуларна и една од водечките претставници на балканскиот звук во Европа.
Втората фестивалска вечер ќе ја отвори популарниот потругалски пејач на автентичниот музички стил “Фадо” – Марио Моита од Евора, Португалија, а веднаш по него свој целовечерен концерт ќе одржи најголемата македонска фолк ѕвезда – Миле Кузмановски придружуван од тамбурашкиот оркестар ГЕЗМЕ од Куманово.
Куриозитет на овој престижен фестивал е дека и оваа година влезот е бесплатен, а освен донатори и спонзори Balkan Music Squаre е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и Амбасадата на Република Полска во Македонија.