EYE CUE со нова песна и видео запис

Почнувајќи од вчера  (среда, 20-ти јуни 2012 година) низ радио станиците во Македонија промотивно беше пуштен првиот сингл од вториот албум на Eye Cue. Песната е насловена „Иста патека” и е авторско дело на бендот. Истата е снимена и продуцирана во студиото Ентерпрајз на Валентино Скендеровски. Промоција на видео записот е закажан за 25-ти јуни на музичкиот канал MTV Adria, во 20:00 часот. Видео записот е снимен во режија и камера на Огнен Шапковски, камера на Кристијан Теодоров и сценографија на Влатко Чачоровски – Чоле.

Eye Cue е бенд кој на македонската музичка сцена е присутен од 2007 година,кога за првпат се појавија со синглот Магија. Следеше албумот Superstar Wannabe, од кој произлегоа 5 успешни видео записи за песните Магија, Superstar Wannabe, Glowing Lips, Not This Time, а подоцна и Не лути се човече. Видеото за песната Not This Time своевремено се најде на првото место на MTV Adria и беше вброено меѓу 20-те највртени нумери за 2010 година. По овој успех следеше и MTV Express – емисија во која беа изведени три песни од албумот во акустична верзија. Бендот е активно присутен и на клупската сцена, а има настапувано и на бројни регионални и европски фестивали. Во моментов, бендот активно работи на нов материјал за вториот албум.

Песната може да се симне од следниов линк: http://www.sendspace.com/file/powwyx

 

You May Also Like