Денеска (14 јули, понеделник) во 21 часот руската пијанистка Елизавета Леонскаја ќе одржи концерт во црквата “Св. Софија”. Концертот е дел од Охридско лето.
Леонскаја се вбројува меѓу најистакнатите пијанисти на денешницата. Родена во Тбилиси, Грузија, во руско семејство, била препознаена како чудо од дете и првите концерти ги одржала на 11 години. Уште како студент на Московскиот конзерваториум, Леонскаја ги добила наградите на престижните натпревари “Енеску”, “Маргерит Лонг” и “Кралицата Елизабет”. Во 1978 год. се преселила во Виена. Леонскаја е почесен член на Виенската концертна сала, а во 2006 год. била одликувана со Почесен крст од прва класа за својот влог во културниот живот на земјата, највисока награда од овој вид во Австрија.