Завршува фестивалот „Пехчево 2014“

Со полноќен концерт на најдобриот дувачкиот оркестар, вечер завршува фестивалот „Пехчево 2014“.Во конкуренција за „Златна труба“ годинава се седум дувачки оркестри кои учествуваа во натпреварувачкиот дел.

Pehcevo

Наградите за освоено второ и трето место се „Сребрена труба“ и „Тапан“.

Оркестрите носители на првата и втората награда, паралелно се пласираат за учество на реномираната интернационална музичка манифестација „Гуча 2014“ во Република Србија.

– Големо задоволство за нас како организатори и домаќини на фестивалот беше што во ревијалниот дел од програмата имаше учесници од десетина градови во Македонија, како и гости од Бугарија и Србија. Голема благодарност за соработката и учеството изразуваме и до фолклорните групи „Копачка“ од село Драмче, Делчевско, КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, како и играорната група при Домот на културата „Јане Сандански“ од нашиот град, истакна градоначалникот на Пехчево Игор Поповски.

По повод Соборниот ден на Пехчево денеска за учесниците во програмата и за сите гости во ајатите на црквата „Св. апостоли Петар и Павле“ беше приреден заеднички ручек.

You May Also Like