Ученичка ликовна изложба „Рециклирање отпад од пакување“

Учениците на возраст од осум до 15 години од скопските основните училишта можат да учествуваат на Конкурсот за изработка на детски ликовни и уметнички творби на тема „Рециклирање отпад од пакување“.

childrenОрганизатори се Детскиот ликовен центар, со финансиска поддршка на „Еуро-екопак“, асоцијација за колективно управување со отпад од пакување.

Комбинирајќи со отпадните материјали, учениците можат по нивен избор да направат индивидуална ликовна творба или заедничка групна творба во различен облик (најмногу до шест ученици во група) во вид на тридимензионален израз: релјеф, скулптура или дводимензионална слика, со можност да користат и сликарски материјали при боењето на скулптурите.

Во комбинирањето и составувањето на различните составни делови може да се користат лепило, дрвофикс, жица, коноп, јаже и други слични помошни материјали. Може да се слика со помош на четка и темперни, акрилни бои, да се лепат парчиња картон, пластика и лименки, кои не му се потребни на семејството, а се присутни во домовите.

Ликовните творби потребно е да се достават најдоцна до 25 февруари на адресата: Детски ликовен центар-Скопје, Градско здружение на ликовни педагози, улица „Никола Русински“ бр. 1, П.Ф. 75, Скопје. Потребно е да се наведе име и презиме на ученикот, возраст и одделение, наслов на ликовната творба, основно училиште (адреса, телефон, е-пошта на училиштето и наставникот) и име и презиме на менторот.

Најуспешните и најкреативните творби ќе бидат наградени и изложени во завршната втора ученичка ликовна изложба, што ќе се одржи на 12 или 14 март во изложбениот простор на Кинотеката на Македонија (библиотека „Другарче“ – „ЕСРА“ – Ликовен центар – Здружение на ликовни педагози-Скопје).

You May Also Like