Битолскиот бенд „Фолтин“ утре (петок, 21 декември) во 21:00 часот во Младинскиот културен центар концертно ќе го промовира новиот албум „Антитело“.
Дваесетминутниот материјал е снимен во студиото на Мите Димовски, „Тра ла ла“, а е издаден под капата на МКЦ.
„Антитело“ е приказна на секој индивидуалец што ја носи во себе идејата за слобода во општествени рамки. Тој индивидуалец е „Антитело“. „Антитело“ е албум на слободата, но и на детскиот сон. Оној сон што го носиме во себе од деца.