Денеска (четврток, 20 декември, 2012), со почеток во 20:00, во „Денсинг сала“ во МКЦ ќе се оддржи концерт на Женскиот Младински хор посветен на Македонските композитори.
Со цел достојно одбележување на големиот јубилеј, Женскиот Младински Хор при МКЦ се потруди јубилејната 2012 година да ја направи една од најуспешните во досегашното постоење. Една од главните функции на ЖМХ при МКЦ е промовирањето на Македонската хорска музика. Токму затоа завршниот концерт за оваа година ќе биде посветен на домашните автори. Овој пат на програмата ќе бидат композиции од Бадев, Гајдов, Прокопиев, Скаловски, В.Николовски, Шуплевски, Стојков и Лековски.
Диригент: Сашо Татарчевски