Денеска (петок, 4 јули) во 20:30 на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Нова приказна“ од Мерсиха Исмајлоска. Промоцијата е во рамките на манифестацијата „Струшки книжевни средби“.
Промотори ќе бидат м-р Александра Јуруковска и Петко Шипинкароски. Извадоци ќе чита Андреј Богатиноски, а на акустична гитара ќе настапи Татјана Ѓеорѓиеска.
Мерсиха Исмајлоска е родена во Струга. Mагистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. Својата окупацја со проблемот на книжевното и визуелното ја пренесува и во работата со студентите на Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, каде работи во моментов. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други разни собири од областа на културата, науката и уметноста. Преведена е на хрватски, бугарски и други јазици.