Фолк-пејачот Наум Петрески и етно групата „Синтезис“ утре (понеделник, 17 декември), во Универзалната сала ќе промовираат во живо албум со стари македонски песни.
Еден од најдобрите вокали во земјава, Наум Петрески и етно групата „Синтезис“ на 17 декември во Универзална сала во Скопје ќе одржат концертна промоција на заедничкиот албум со стари македонски песни, „Синтезис и Наум Петрески“.
Синтезис и Наум Петрески го промовираат ново ЦД и два видео записи, за темите „Сулејман седит на кула“ и „Што си толку Лено гајлелија“ кои ги изработи продукцијата „Кумев брадрс“. Едниот спот е снимен во скопското кафуле “New age“, а другиот во селото Јеловце.