Симпозиум за усогласување на легислативата за заштита на културното наследство

ИКОМОС Македонија денеска организира регионален симпозиум на тема „Усогласување на националната легислатива од областа на заштитата на културното наследство со европските прописи“

Icomos-logo_cropped

Националниот комитет – ИКОМОС Македонија денеска во Скопје организира еднодневен регионален симпозиум на тема „Усогласување на националната легислатива од областа на заштитата на културното наследство со европските прописи“.

На симпозиумот своите искуства од усогласувањето на националната легислатива ќе ги презентираат претставници од Грција, Словенија Србија, Косово и Македонија.

Симпозиумот е програмска активност на Националниот комитет целосно финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like