Среќна среда и во Охрид

По традиција, средата е нашиот среќен ден.  Првиот ден од месец август го започнуваме добитно. Во Охрид на улицата Туристичка, точно напладне, пред продажниот салон на Тобако, тимот на Државна лотарија на Македонија ги додели клучевите на третата премија автомобил во Твингоманија 2.

Интeресно е што точно ова место е среќниот избор на охриѓани, но и останатите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македнија во Охрид. Токму овде беа уплатени добитните Новолото 7/34 ливчиња кои донесоа добивки 6+1. Третото Твинго Тренд од Инстант лотаријата Твингоманија 2 ќе се вози по улиците во Охрид, а клучевите ги доби Петрески Дејан.

Дејан е редовен играч на нашите игри на среќа, а својот среќен инстант лоз Твингоманија2 го купил за време на одржувањето на охридскиот Пиво фест. Лозот го изгребал веднаш, радувајќи се на трите идентични симболи, заштитното лого на брендот Рено.

Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40-те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари.  Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд.

Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно  40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ.

Инаку ова не е единствениот настан кој тимот на Држвана лотарија на Македнија го реализира во Охрид. По Прилеп, Битола и Струга, промотивниот караван на Државна лотарија на Македонија и Мобилната продажба Тобако, од 18 часот ќе се стационираат и во Охрид.Новата локација е пред популарното кафуле Аквариус, приквечер, по 18 часот. Бројните помали парични добивки повторно ќе  радуваат, надополнети со бројните подароци за верните играчи – маици, капи и други брендирани материјали. На 2 август, празнично продолжуваме во центарот на Македонија за Илинден, градот Крушево.

Ве очекуваме!

ЗА ДОБРО!

Државна лотарија на Македонија

You May Also Like