Караванот на МакеДокс низ Малешевијата

Патувачкото кино на Фестивалот за креативен документарен филм МакеДокс, од денеска (петок, 3 август) до 15 август патува низ Малешевијата. Први според програмата се селата Двориште, Ратево и Русиново.

Патувачкото кино патува онаму каде што нема село без маала и каде што нема слава без пехчевска сливова и беровско сирење. Ниту без малешевското оро. Онаму каде што никој не раскажувал приказни ко нашите. Патува низ Малешевијата. Придружете ни се! – стои во програмата на МакеДокс.

Во овие села ќе биде прикажана дел од фестивалската селекција на годинашниот фестивал МакеДокс. Во соработка со Кинотека на Македонија, покрај долгометражните интернационални документарни филмови ќе бидат прикажани и македонски документарци.

МакеДокс патува во:

03.08 – Двориште

04.08 – Ратево

05.08 – Русиново

07.08 – Берово

08.08 – Владимирово

09.08 – Црник

11.08 – Пехчево

12.08 – Панчарево

13.08 – Митрашинци

15.08 – Блатец

You May Also Like