Концерт на Ицо Панов во Битола

Денеска (петок, на 26ти април 2013 година) во малата сала за Центар на култура Битола од 20:30 часот, во организација на Lions Клубот Кабадаја од Битола, ќе се одржи првиот официјален концерт на Ицо Панов.

 

Ицо Панов е роден во Струмица. Повеќе од 15 години свири на улиците низ Македонија. Секогаш ведар и расположен вели дека не свири за пари, туку од љубов кон музиката. Има компонирано десетина песни. Како и секој музичар, заслужува концерт во сала, со публика која ќе ги слуша неговите песни повеќе од 2 -3 минути како досега при случајно минување покрај него на улица.

Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети за поддршка на уличните музичари.

You May Also Like