Добротворна акција по повод Светскиот ден на храната

Бројот на деца со аутизам за жал во нашата земја и во светот се повеќе расте. Причините сеуште се непознати, а лекот не постои. Оваа група на луѓе е занемарена од сите нас и од општеството во целина. Единствен начин со кој може барем малку да се ублажи состојбата на овие дечиња е конзумирање на безглутенска храна.

svetski_den_na_hranata

 

Со цел да се подигне свеста кај граѓаните и кај државните институции да дадат поголемо внимание на овие деца, хуманитарната организација „Уметност на живеење Македонија“ и Биокосмос продавниците организираат акција за донирање на безглутенска храна.

Организаторите најавуваат: „Со цел одбележување на светскиот ден на храната, со посебен акцент на борбата со аутизамот, во сите Биокосмос продавниците за природна и органска храна, може да се најде безглутенски производи со -15% во Биокосмос, и истите да ги донирате на децата со аутизам. На нив оваа храна им е потребна во секојдневието. Биокосмос подарува картичка со -5% попуст на сите донатори“.

Акцијата трае од 13-17 октомври 2014 год.

Продавниците можете да ги најдете на следните локации:

Биокосмос 1 Скопје Центар

(Зад Работнички Универзитет)

тел 02 240 3768

Биокосмос 2 Скопје Капиштец

(тц Беверли Хилс)

тел 02 3166 135

Биокосмос 3 Велес

(Наспроти Гимназија)

тел 043 221 811

Биокосмос 4 Охрид

(Наспроти Охридска Банка)

тел 046 23 00 24

Биокосмос 5 Битола

(Во Стара Чаршија)

тел 047 552 017

You May Also Like