Денеска (19 август,вторник) на Градскиот плоштад во Крушево концерт ќе одржи Влатко Лозаноски – Лозано.
Концертот на Лозано кој ќе настапи придружуван од својот бенд е во рамките на манифестацијата „Крушево – град на културата 2014“.
Паралелно со останатите културни настани, деновиве во Крушево се одржува и „Летната школа за гитара“, која ќе заврши со концерт на 23 август, кога покрај организаторот – Христу Мулар, ќе настапат и гостите на вечерта: Пепи Ренџов, Кокан Димушевски и Трајче Органџиев.