„Тополиот културен бран“ денеска е во Крушево и Берово

Министерството за култура продолжува да го негува богатото културно македонско наследство преку организирање на широк дијапазон настани во повеќето општини од нашата земја, во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“.

berovo plostad 1

Општините Крушево и Берово, меѓудругото, започнаа со реализација на проектот “Културно лето“, чија цел е преку презентација на културно-уметничка програма, да се поттикне туристичкиот и културниот потенцијал во Република Македонија.

Во текот на утрешниот ден (19.8.2014 година), со почеток во 21 часот на градскиот плоштад во општина Крушево, по повод големиот христијански празник „Преображение Христово“, пред крушевчани, солистички концерт ќе одржи познатиот македонски поп изведувач Влатко Лозановски.

Истиот ден (19.8.2014 година), со почеток во 21 часот на градскиот плоштад во општина Берово, пак, ќе се одржи фестивалот на детски песни „Малешевско ѕвонче“, кој е наменет за најмладите.

You May Also Like