Започна турнирот во мал фудбал „Скопје 2014“

Вчеравечер, на стадионот кај Спортскиот центар во Ново Лисиче, официјално беше прогласено за отворено третото издание на најголемиот републички Турнир во мал фудбал „Скопје 2014“.

turnir_mal_fudbal_skopje2014

 

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а на отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Конески.

Турнирот беше отворен со ревијален натпревар на најмладите категории, а првиот меч го одиграа екипите: Гостилница „Дома“ од Велес и екипата „Фер Плеј“ од Ново Лисиче – Скопје, којшто заврши со резултат 2:0 за екипата „Фер Плеј“.

– Повторно сме заедно, на еден од најголемите турнири во мал фудбал во Македонија, овде, во мултифункционалниот спортски комплекс во Ново Лисиче.
Граѓаните на оваа населба се сеќаваат како изгледаше претходно ова место, на кое пред три години го изградивме овој спортски дом, со цел што поголема анимација на спортот, пред се кај младата популација, но и на сите оние што чувствуваат потреба да се рекреираат и да спортуваат. Оттаму, чувството на задоволство и на гордост како покровители, заедно со општината Аеродром, е големо, особено кога ги гледаме плодовите на успешно реализираниот проект и на остварувањето на главната цел со изградбата на новата повеќенаменска сала и на ова игралиште кое со задоволство се користи за фудбал, кошарка, ракомет. Годинава, впрочем, како и претходните две, на овој турнир ќе настапат над 48 екипи од Скопје и од Македонија, во трката за првите места и интересните награди обезбедени со помош на спонзорите и на буџетите на Град Скопје и на Општина Аеродром. За квалитетот на оваа манифестација говори постојаниот интерес кај екипите за пријавување, но она што посебно радува е многубројната публика, која и овој пат ќе има можност да гледа добри натпревари и да ужива во добрата дружба и добрата забава. На сите учесници на турнирот им пожелувам среќа, убав фудбал, фер – плеј, добра игра и многу возбудувања, рече градоначалникот Трајановски.

Во рамки на третиот Турнир во мал фудбал „Скопје 2014“, ќе учествуваат 48 фудбалски екипи од Неготино, Кавадарци, Куманово, Скопје и околината и од други градови од нашава држава. Екипите се составени од пет играчи и голман, натпреварите ќе се одржуваат секој ден од 17:30 до 23 часот. Системот на натпреварување ќе биде комбиниран, каде што прво ќе се игра во шест групи со по 8 играчи, а подоцна ќе се играат елиминации.

За најдобрите екипи и поединци на Турнирот обезбеден е награден фонд во вредност од 300.000 денари.

Турнирот, кој ќе трае до 13-ти септември, веќе трета година по ред го организираат Општина Аеродром и Град Скопје.

За организацијата на овој турнир, Градот Скопје издвои 200.000 денари.

turnir_mal_fudbal_skopje2014_2jpg

You May Also Like