Концерт на Air Strings во Хавана

Вечер (7 март, четврток) во 22:00 часот во Хавана концерт ќе одржи бендот „Air Strings“ .

Тие за овој настан ги имаат селектирано најпопуларните рок, поп и техно хитови кои го опфаќаат периодот од средината на 80те па се до денес. Нивниот настап ќе биде проследен со видео проекции кои ќе содејствуваат и тематскиќе ги дополнуваат хитовите кои ќе бидат изведувани.

„Air Strings“ е необичен бенд составен од споран (алт) саксофон(Петар Христов), виолина(Владимир Цветковски), виола(Владимир Димовски) и контрабас(Митко Иванов).  Аир Стрингс изведува преработени верзии на најпознатите Поп, Рок и Техно теми, како и филмски теми. Бендот е составен кон средината на 2009 година во Скопје со идеа и цел да се претстави несто ново и невообицаено на македонската публика.  Нивните верзии на хитовите се уникатни затоа што користат одредени техники на свирење необични за овие класицни инструменти.

You May Also Like