Балетот „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Балет за деца од Богдан Павловски ќе биде изведен утре (сабота, 26 јануари, 2013) во 12:00 часот на сцената на МОБ.

Режија, кореографија и инсценација: Витолд Борковски
Либрето: В.Борковски и С.Петровски
(според приказната на браќа Грим)
Солисти:
Ивана Коцевска
Мирослав Митрашиновиќ
Настапува целиот балетски ансамбл при МОБ.

Снежана и седумте џуџиња
(Кратка содржина)
Беше среде зима. Снегулките паѓаа како пердуви. Покрај прозорецот седеше кралицата и мислеше. Гледајќи во снегот , таа се боцна во прстот, и три капки крв паднаа во снегот. Кралицата си помисли: „Ах да имам дете како снегот бело, румено како крвта и да има коса црна како рамката од прозорецот“.
Наскоро потоа ,кралицата роди девојче и по нејзина желба се викаше Снежана. Кога детето се роди ,мајката умре. По една година кралот се ожени и зеде друга жена, кој беше убава ,но имаше срце ладно и лошо, не поднесуваше некој со убавината да ја надмине.. Таа имаше едно волшебно огледалце и го прашуваше:
Огледалце, огледалце, пријателче мое
Кажи ми на светот најубав кој е?
А тоа и одговараше:
Најубава сте вие, кралице….

You May Also Like