Концерти на Sehtstat и на Лозано на Битфест

Денес, (четврток, 23 август) во рамките на Битолско културно лето – Битфест, присутните ќе можат да го проследат концертот на џез музика во изведба на џез составот „SETHSTAT“ во културниот центар „Магаза“ со почеток во 22:00 часот.


За љубителите на поп музиката, македонската музичка ѕвезда Влатко Лозаноски ќе одржи концерт на ракометното игралиште во Битола со почеток во 21:00 часот со што ќе ја почне концертната турнеја на која ќе го промовира новиот албум насловен „Преку седум мориња“. Хитови од албумот како “Кога мене ќе ме немаш”, “Летам кон тебе”, “Како ден јасно е”, “Нема ден нема ноќ”, но и постарите како “Сонце не ме грее”, “Блиску до мене”, “Нема да е крај на свет” ќе бидат само дел од репертоарот.

Гости на концертот на Лозано на кој ќе го придружува бендот 2 Егзит ќе бидат неговите долгогодишни соработници и пријатели – Панчо и Андреј од ДНК, но и Анета од Молика со која Лозано го има дуетот „Со тебе поубав е денот“ што се наоѓа на албумот „Преку седум мориња“.

Во рамките на Битфест денеска продолжува вториот ден од интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“, како и вториот ден од поетскиот фестивал „Поетски синтези“.

You May Also Like