Гран-при награда за културен менаџмент за Канческа-Милевска

Престижната Гран-при награда за културен менаџмент која ја доделува Меѓународната академија „Михаил Еминеску“ од Романија ќе и’ биде врачена на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска (четврток, 23 август) во Спомен домот на браќата Миладиновци во Струга.


Канческа – Милевска наградата ќе ја прими од претседателот на оваа меѓународна академија Јон Деаконеску, кој специјално е пристигнат во Струга по повод овој настан, како и манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

Признанијата на останатите годинашни лауреати беа доделени на 1-ви јуни во Крајова, Романија. Наградите на Меѓународната академија се доделуваат секоја година на личности кои имаат особен придонес во културното живеење на национално и меѓународни ниво.

Досегашни добитници на оваа награда се реномирани имиња од областа на културата, лауреати и носители на други меѓународни признанија од повеќе земји во светот меѓу кои и САД, Бразил, Унгарија, Србија, Романија, Русија и Финска.

You May Also Like