Концерти на јапонски музичари во Македонија

На покана на светски познатиот македонски тенор Благој Нацоски, во Македонија ќе настапи сопранот Нобуко Такахаши, која му беше партнерка на Нацоски во операта „Љубовен напиток“ со која тој настапи во Јапонија. Покрај Такахаши господинот Кацухиро Котецу избра и други седум јапонски еминенти уметници кои ќе се претстават пред македонската публика.

Благој Нацоски во текот на својот успешен двонеделен престој во Јапонија покрај настапите и одржувањето на Мастерклас за студентите по оперско пеење, успеа да иницира и воспостави контакт со господинот Кацухиро Котецу, познат јапонски оперски пејач и Претседател на Токиo Опера, режисер и продуцент, кој е добро познат и на европската публика, со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Македонската и Опера и Балет.

Инаку Котецу и Нацоски иницирале редовна соработка на културно ниво помеѓу Македонија и Јапонија, така што јапонскиот продуцент и режисер ќе направи аудиција за млади оперски пејачи во МОБ за евентуални настапи во Јапонија.

За време на својот престој во Република Македонија јапонските уметници ќе одржат два концерти:

– на 19 март со почеток во 20,00 часот во Домот на АРМ во Скопје и

– на 20 март во Центарот за култура во Битола исто така со почеток во 20,00 часот.

You May Also Like