Денеска (18 јули, петок) во Заводот и музеј Битола во 20:30 часот ќе биде одржан концертот „Поклонување пред маестро Борис Христов.“ Организатори се Музејот „Борис Христов“ и Бугарскиот културен центар во Република Македонија.
На концертот во чест на маестро Христов настапуваат:
Пламен Бејков – бас
Александар Носиков – бас
Бурана Ламбрева – клавир
Концертот е посветен на 100 годишнината од раѓањето на Борис Христов и е од календарот на УНЕСКО.