Вечерва (четврток, 21 март) од 20:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи голем хуманитарен концерт на нашиот виртуоз, Драган Даутовски. Средствата прибрани од продажбата на влезниците (кои ќе се по цена од 100 денари), ќе бидат наменети за доизградба на манастирот Трескавец.
– Трескавец за прилепчани претставува значајно духовно светилиште. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од мозаикот кој ќе го врати сјајот на ова значајно културно богатство да го посетат овој концерт. Се разбира дека оваа акција ќе продолжи и натаму со организирање на концерти, изложби, претстави и други активности од областа на културата и уметноста. Уметниците постојано се јавуваат и се интересираат да се вклучат и да бидат дел од акцијата сакајќи да го дадат својот придонес во обновата на Трескавец, најавија од општина Прилеп..
На вечерашниот концерт професорот на народни инструменти Драган Даутовски, кој ќе настапи на окарината стара 6000 години, и ќе ја покаже на дело својата хуманост за што побрзо обновување на манастирот кој е гордост на Прилеп и прилепчани.