Денеска (18 јули, петок) во 20:00 часот во Магаза ќе биде отворена изложбата на фотографии „Спомени од стариот Шумен“ на Регионалниот музеј – Шумен, Бугарија.
Градот Шумен во време на ренесансата беше една од најголемите населби во границите на бугарските земји. Во 19 век тој се претвора во центар на образование, култура и економски развој. Во него за првпат во национални рамки се одржуваа настани и се создадени институции кои ќе влијаат на развојот на бугарското општество. Напредокот во економските односи воден од големиот гарнизон, беа импресивни. Шумен беше еден од поддржувачите на првиот бугарски трговски параход.