Семеен ден во Синеплекс

По повод премиерата на филмот „Авиони: Небесни пожарникари“, на 19 јули (сабота) во периодот од 12:00 до 17:00 часот, ќе биде организиран традиционалниот Семеен Ден на киното Cineplexx.

avioni_nebesni_pozarnikari_semeen_den_cineplexx

Сите посетители на киното Cineplexx во Скопје Сити Мол ќе имаат можност да уживаат во најактуелните филмови на големото платно и да се забавуваат со тематските активности.

Младите посетители ќе можат да уживаат во изненадувања и забава, како и дружење со познатите филмски маскоти. Тие ќе имаат можност да научат нешто повеќе за авионите преку ликовната работилница и да изработуваат авионски макети. Со секоја купена карта посетителите на киното добиваат на подарок Monte пудинг.

Покрај најновата анимирана авантура „Авиони: Небесни пожарникари“, на репертоарот на киното ќе бидат и останатите анимирани хитови „Како да го дресирате вашиот змеј 2“ и „Поштарот Пет“ за кои родителите и децата членови на Семејниот Филмски Клуб плаќаат намалена цена на карти.

You May Also Like