Конференција “Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис” во Битола

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за Експанзија на мали бизниси на денеска (06 февруари 2013, среда)  во Хотел Епинал во Битола ќе организира Конференција на тема : “Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис”.

На Конференцијата во пленарни сесии ќе бидат претставени следните финансиски инструменти преку кои може да се финансираат претпријатијата од регионот:
–    ИПА  прекугранична соработка
–    ИПА/ИПАРД
–    Национална Програма за Рурален Развој
–    Програма за Конкуренстност и иновации – CIP
–    Инструменти за финансирање од Холандската Влада
–    Поддршка на трансферот на технологија кај малите фирми и кредитирање преку БСЦ Битола
–    Македонска Банка за Поддршка и развој

Присутните на настанот ќе имаат и можност да добијат конкретни информации од експерти за финансирање на нивните бизнис – идеи во рамките на овие инструменти.

Учесниците на Конференцијата  ќе имаат можност да претстават конкретни идеи за зголемување на својата економска активност, а за кои организаторите ќе се обидат да им ги посочат финансиските инструменти преку кои најлесно истите може да се реализираат.
Поканети да земат учество на Конференцијата се претставници на сите компании од Пелагонискиот регион како и потенцијални претприемачи кои сакаат да дознаат повеќе за финансиската помош достапна за малите и средни претпријатија.
Во организацијата на настанот учествуваат и Бизнис Стартап Центарот од Битола и Фондацијата Преда Плус од Прилеп.

You May Also Like