Вчера (недела, 26 август, 2012 година) на пладне на плоштадот „Магнолија“ во Битола започна културно-туристичката манифестација „Семакедонска венчавка“.
Годинава на „Семакедонската венчавка“ која има и научен карактер учествуваат 10 двојки од Австралија и Албанија кои живеат во Македонија. Тие во ист термин се венчаваа во различни цркви:„Св.Димитрија“, „Св.Богородица“, „Св.Пантелејмон“, „Св. Арангел“, „Св. Петка“ и во влашката црква „Св.Елена и Константин“.
Манифестацијата започна вчера, а ќе заврши утре (вторник) на големиот верски празник Голема Богородица.
„Семакедонска венчавка“ ја организира Центарот за етнологија и фолклор „Етно-Илинден“, кој што работи во состав на Македонското научно друштво-Битола, а е поддржана од општина Битола