Денеска (среда,6 февруари 201) во 12:00 часот , Кинотеката на Македонија ќе додели благодарница на Советот за радиодифузија.
Имено, неодамна Советот за радиодифузија го депонираше целокупниот фонд на видео материјали во Кинотеката на Македонија со што го збогати фондот на аудиовизуелни добра во Кинотеката. На примопредавањето на присутните ќе се обратат директорката на Кинотеката на Македонија, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска и претседателот на Советот за радиодифузија м-р Зоран Трајчевски.
Ве покануваме да присуствувате на свечен овој чин кој е од големо значење за зачувувањето на аудиовизуелното наследство во Македонија.