Денеска (среда, 6 февруари, 2013) во Галерија 8 во Старата скопска чаршија во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Таа и јас“ од Илина Арсова.
Авторката Илина Арсова со селекцијата слики „Таа и јас“ се соединува себе си со природата од која ликовно се храни, спортски се надградува и адреналински се инспирира. Како дипл.ликовен уметник, но и страстен алпинист, планинар таа безрезервно е посветена на видни достигнувања во планинските спортови.
Арсова повеќе години го разработува емотивниот спој меѓу спортот и уметноста, односно природата (ТАА) и сликарството (ЈАС).
Нејзиното искуство се бележи со многубројни самостојни и групни ликовни проекти на локално и меѓународно ниво, делејќи успеси и на интерактивни работилници и нејзини самостојни истражувања. Активно работи и во полето за промоција на културното наследство, организација на ликовни манифестации, спортски настани, „тим билдинг“ и авантуристички активности.