Археологот Ирена Колиштркоска Настева заедно со група археолози од Музејот на Македонија интензивно работат на откривањето нови артефакти на археолошкиот локалитет„Св Атанансиј“ кај селото Спанчево, Кочанско.
Од досега пронајдените артефакти највпечатливи се антропоморфните теракотни фигурини. Истражувањето на овој локалитет ќе трае и во наредните две недели, а се очекува да бидат откриени артефакти од енеолитскиот период