Конзервација на фрескоживописот на „Св. Спас“ во Штип

Се извршува конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Спас“ во Штип …

sveti spas shtip 2Во тек е реализацијата на првата фаза од конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во Штип, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип во рамките на првата фаза, што е предвидено да заврши до крајот на годинава, ќе извршат препокривање на црквата заради превентива од влага, по што ќе се изврши чистење на живописот кој датира од 14 век и 17 век, како и консолидација на фреските во горната зона.

sveti spas shtip 1

Со реализацијата на втората фаза ќе се изврши ретуширање на оштетените делови во црквата, а целосната реализација на проектот се очекува во текот на 2015 година.

Фрескоживописот во црквата „Свети Спас“ претставува извонредна творба на живописување на црквите од тој период, а како сликар на фрескоживописот кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, се јавува зографот Јован.

sveti spas shtip 3

You May Also Like