Конзервација на светилиштето во Кокино

Музејот во Куманово се очекува оваа година целосно да ја заврши конзервацијата на светилиштето на Кокино.

 

Се работи за ограден ѕид и астрономска платформа кои ќе бидат презентирани на таков начин за да посетителите имаат претстава што всушност се работело на Кокино. Овој простор треба да се подигне на околу еден метар за да биде видлив за посетителите“, вели директорот на НУ Музеј Куманово Јовица Станковски. На тој начин, посочи, се заокружува истражувањето на светилишниот дел на Кокино.

Годинава со финансиска поддршка на Министертвото за култура следува засилена промоција на Кокино меѓу стручната јавност. Врвни стручни истражувачи од реномирани унверзитети преговараат со надлежните од кумановскиот музеј за посета на Кокино. Од друга страна и самата конзервација и расчистувањето на делот од Кокино исто така финансиски е поддржано од Министертвото за култура.

Промоцијата на Кокино е од исклучително значење и за развој на општината Старо Нагоричане.

Може да се консатира дека во последните две години се поголема е бројката на туристи кои го посетуваат Кокино, особено туристи од странство. Освен што доаѓаат самостојно значително е зголемена и бројката и на организирани посети од страна на туристички агенции, вели градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

извор: regioni.mk

You May Also Like