Утре (16 март, 2013, сабота) на малата сцена во МОБ, премиерно ќе се изведе комичната опера „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн со почеток во 20:00 часот.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режија и сценографија на Уши Хорнер од Австрија, избор на костими Марта Трендафилова и концерт мајстор Климент Тодоровски.
Солисти:
Семпронио : Зоран Даскаловски
Грилета : Александра Лазаровска-Василевски
Менгоне : Јане Дунимаглоски
Волпино : Николина Јаневска
Станува збор за една весела и комична приказна, која ќе ве насмее до солзи.