Вечер (петок, 15 март, 2013) во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 19:00 часот ќе биде отворена изложба на Венцијански карневалски маски изработени од Жаклина Костоска.
Ќе бидат презентирани 150 маски, изработени во “Papier mâché” техника.
Жаклина Костоска, родена 1967 година во Прилеп.Диполмиран биохемичар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.
Во 2010 година, активно почна да навлегува во “Papier mâché” техниката и изработка на карневалски маски. Реализираше посета на Венеција и притоа ја усоврши својата техника.
Ова е нејзината прва, самостојна изложба.