Бесплатен концерт на Dirty Beaches пред МКЦ

На 17 септември во рамки на европската турнеја, во Скопје ќе настапи канадскиот кант Alex Zhang Hungtai познат под псевдонимот Dirty Beaches. Поради престојното 37 издание на МОТ, концертот ќе биде бесплатен и ќе се одржи на платото пред МКЦ.

Музичкиот израз на Dirty Beaches, како што е случај со многуте харизматични соло изведувачи, е толку личен, компактен и автентичен да речиси е невозможно да
се опише во веќе воспоставениот јазик на музичката критика. Доколку во почетокот на 2011. налетавте на некоја од многубројните рецензии на неговото до сеганајзначајно издание – албумот Badlands, сигурно не ви било тешко да заклучите дека одамна се нема појавено издание за кое се пишува со толку голема вдаховеност и сликовитост. Многу лесно оваа музика можеме да ја сместиме во толку популарниот жанр во последно време наречен Lo-Fi, но специфичната атмосфера и филмичност која таа ја носи, натера многумина да го побараат описот во естетиката на великаните на филмската уметност како David Lynch, Jim Jarmusch, Quentin Tarantino, попрво отколку во било која епоха на историјата на популарната музика.

You May Also Like