Комеморативна седница за поетесата Светлана Христова-Јоциќ

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне одржа комеморативна седница во чест на поетесата Светлана Христова-Јоциќ, која ненадејно почина во петокот (27 април 2012 година) на 71 година.


Христова-Јоциќ беше член на македонската писателска асоцијација од 1971 година, а и нејзин претседател во еден период. Најголем дел од својот работен век го помина како новинар во Македонското радио. Ја покрена и беше претседател на меѓународната манифестација „Македонски духовни конаци“. Беше главен и одговорен уредник на гласникот „Портал” и член на Македонскиот ПЕН центар.

– Зад себе остави богат и значаен поетски опус кој со вредностите и спецификите зазема бележито место во современите текови на македонската литература, наведуваат од ДПМ.

Авторка е на 20-тина книги, меѓу кои „Калесница”, „Скришен ковчег”, „Сињо”, „Еа”, „Самечка келија”, „Душница”, „С. Бесмертна” и „Големата молитва”. За своето творештво доби високи признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци”, „Димитар Митрев”, „Ванчо  Николески” и “„Книжевен жезол”.

You May Also Like