„До балчак“ и пред охридската публика

Најновото филмско остварување на режисерот Столе Попов – филмот „До балчак“ од синоќа (3 ноември) се прикажува во киното во Домот на култуата „Григор Прличев“ во Охрид.

poster--do-balchak

Кино проекциите на „До балчак“ во Охрид се закажани за од 20:00 часот и тоа во деновите од  од 3-ти до 6-ти ноември и од 10-ти до 12-ти Ноември.

“До Балчак” е работен по сценарио на Горан Стефановски, ко-сценарист Столе Попов, директор на фотографија е Апостол Трпевски, музиката е на Дуке Бојаџиев, сценограф Миленко Јеремиќ, костимограф Емилија Ивановска, а главните улоги ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.

Филмот е историски спектакл, приказна за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат „татин” син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.

Филмот е во ко-продукција помеѓу Триангл филм, Сектор Филм, ФХ3Х и Македонска Радио Телевизија, финансиран со средства од Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Агенцијата за филм на Република Македонија.

You May Also Like