Од денеска (четврток, 4 септември) на репертоарот на Синеплекс премиерно ќе се најде кулинарската авантура „Индиски зачин на француски начин“ и анимираната продукција „Храбрата кола Плоди“.
Во филмот „Индиски зачин на француски начин“, Хасан Кадам е кулинарско чудо, чие семејство на чело со Папа(Ом Пури) е сместено во питомо село во југот на Франција. Шармантно, идилично и елегантно место идеално за отворање на индискиот рестора Маисон Мумбаи – се додека не се замеша готвачот на ексклузивниот француски ресторан со Мижелин ѕвездичка кој го води Мадам Малори(Хелен Мирен).
Нејзиниот енергичен протест против новиот индиски ресторан на 100 чекори од нејзинот ескалира во огнена битка помеѓу двата објекта, се додека страста на Хасан за француската „висока кујна“ и за помошничката на Мадам Малори не доведе до комбинција на мистериозниот тален кој магично се создава меѓу двете култури.
Индиски зачин на француски начин изобилува со вкусови, со одличен приказ на највкусните рецепти од двете култури, филм каде секој залак има порака. Филм каде судирот меѓу двата свеета и мотивот на едно младо момче да си ја најде удобноста на домот во секој лонец, било каде и да се наоѓа.
DreamWorks ви го претставува новото кулинарско чуди на режисерот Ласе Халстром, номиниран за Оскар, а во главните улоги се наоѓаат Хелен Мирен добитничка на Оскар и Ом Пури. Продуценти на овој филм се Стивен Спилберг и Опра Винфри.
„Плоди“ е полициска кола, задолжена за зачувување на редот и поредокот во својот град. Сега ќе добие задача што ќе биде најважна во неговиот живот – да ја заштити новата атракција во природниот парк – мајката орел од редок вид, како и нејзиното јајце. Нештата ќе се усложнат кога две шармантни жени ќе ја украдат орлицата, и кога во едната од нив ќе се заљуби полицаецот Ричард.
Плоди е шармантна кола со која е лесно и убаво да се поминува времето. Тој е детинест, импулсивен и сето она што го прави го извршува со цело срце, трудејќи се со сите сили да ја заврши својата работа најдобро што може. Истовремено е храбар и сака да си игра, а кога ќе го најде орловското јајце под својата хауба, навистина му е дозволено да прави како што мисли дека е најдобро, бидејќи не е лесно да се грижиш за орле кое расте, мислејќи за себе дека е автомобил.
Филмот „Храбрата кола Плоди“ се заснова на приказната за омилениот јунак кој во Норвешка е неизбежен дел од детската култура речиси триесет години. Ликот на Плоди е создаден од полицаецот Аге Магнусен кон средината на 1980-те години, а ова филмско остварување е продолжение на филмот од 2010 година. Дејствието се одвива на северот од Норвешка, во регион кој е познат по поларната светлина и по неверојатните зајдисонца.
Според режисерот Расмус А. Сивертсен, прекрасните предели послужиле како инспирација: „Вложивме дополнителни напори за да го создадеме тој посебен пејзаж и осветлување кои постојат во овој регион, а сето тоа на целиот филм му даде едно егзотично и сосем поинакво ниво.“