Биста на македонскиот писател Стерјо Спасе во родното Глобочени во Албанија

Во родното Глобочени, во Мала Преспа откриена биста на македонски писател Стерјо Спасе во Албанија …

sterjo spase bista

Во рамки на чествувањата по повод 100 години од раѓањето на писателот од македонско потекло и еден од најзначајните претставници на современата албанска поезија, Стерјо Спасе, денеска e откриена биста во неговото родно Глобочени, Мала Преспа.

Бројната македонска заедница во Албанија, тамошната културна јавност, Министерството за култура и други повикани институции со повеќе манифестации во селото Глобочани, го јубилејот 100 години од раѓањето на Стерјо Спасе. Манифестациите ги организираше општина Пустец.

– Бистата на писателот Стерјо Спасе, поставена во селото Глобочени, е донација на македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов и е авторско дело од Валентина Стефановска, бесплатно изработено за Македонците во Албанија, изјави Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Во организација на Општина Пустец и македонските асоцијации во Албанија, се одржа и фолклорниот фестивал: „Преспа-2014”, со учество на фолклорни групи и ансамбли од Мала Преспа.

Стерјо Спасе, е роден 1914 година во Глобочани, а починал во 1989 година во Тирана. Тој е познат писател од македонско потекло и еден од најзначајните претставници на современата албанска поезија. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби.

You May Also Like