Коалицијата за живот со „Марш за семејството“ во Скопје (видео+фото)

Коалицијата за живот денес (недела, 18 ноември) организираше мирен марш под мотото „Марш за семејството и детските колички“ со цел подигнување на свеста за зголемување на наталитетот и заштитната функција на семејството, како основна клетка на општеството.

Собирот беше организиран како поддршка за семејните вредности и бракот кои претставуваат единствено заедница на еден маж и една жена.

– Најважното во него се, секако децата, нашето богатство кое ветува убава иднина со многу насмевки и прогрес. Зборуваме за семејните и традиционалните вредности на нашиот народ и држава коишто дефакто се во криза, но никако не смееме да ги заборавиме и целосно да ги напуштиме, рече Мирослав Пендаровски од Коалицијата за живот.

You May Also Like