Изложба на монети од археолошкиот локалитет Таор

На 22 ноември (четврток) во 12:00 часот во Музејот на град Скопје ќе се отвори голема изложба посветена на продукцијата на монети од Tauresium. Автор на изложбата е м-р Киро Ристов, вработен во истоимената институција, а повеќегодишен раководител на археолошкиот локалитет Таор.

Изложбата е конципирана во 22 витрини каде ќе бидат презентирани 427 монети, од вкупно 523 колку што се откриени со досегашните археолошки истражувања. Изложените монети го одсликуваат хронолошкиот распон од егзистирањето на населбата, а во исто време ја дефинираат економската состојба на жителите во одредени временски периоди. Заради тоа монетите се презентирани по хронолошки редослед од владеење на императорите и според нивната номиналната вредност.

 

Нумизматичкиот материјал е позајмен од збирката на Музеј на град, Скопје која е институција под чија закрила се вршат и систематските долгогодишни ископувања во Таор. Изложбата е надополнета со каталог на англиски и македонски јазик, во кои се поместени сите достапни информации за досегашните археолошки истражувања, вклучително со презентација на монетите по периоди. Маркетингот за изложбата на интернет и на социјалните мрежи го менаџира Хаемус – центарот за научни истражувања и промоција на културата.

 

 

You May Also Like